Подобрени тенденциите во градежништвото

Bez autora
Feb 06 2013

Вкупно 277 дозволи за градење биле издадени во декември 2012 година, што е за 8,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градба во декември изнесува 2,96 милијарди денари (48,2 милиони евра) што е за 53,5 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во извештајниот период е предвидена изградба на 587 станови, со вкупна корисна површина од 48 503 м2. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 189 се наменети за објекти од високоградба, 36 за објекти од нискоградба и 52 за објекти за реконструкција. Pаководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во четвртото тримесечје од 2012 година како понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од 2011 година.

Подобрени тенденциите во градежништвотоВкупно 277 дозволи за градење биле издадени во декември 2012 година, што е за 8,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави во средата Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градба во декември изнесува 2,96 милијарди денари (48,2 милиони евра) што е за 53,5 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 587 станови, со вкупна корисна површина од 48 503 м2.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 189 се наменети за објекти од високоградба, 36 за објекти од нискоградба и 52 за објекти за реконструкција.

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во четвртото тримесечје од 2012 година како понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од 2011 година.

Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е подобра во однос на претходното тримесечје, а e подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година.

Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се влошени. Во наредниот период се очекува намалување на продажните цени.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на градежна активност имаат следните фактори: зголемените трошоци за материјали со 24,2%, конкуренцијата во  сопствениот сектор со 13,4%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 13,4 % и немањето побарувачка со 11,9%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik